„Меси е есенцијата на фудбалот“

05.06.2015 12:44

„Тој е вистински број 10. Има талент, страст, магија. Меси е есенцијата на фудбалот и ние сме среќни што игра во наше време за да можеме да го гледаме“, вели Дел Пјеро.

Алесандро Деј Пјеро немаше доволно зборови да го опише влијанието на Лео Меси во играта на Браселона пред утрешното финале во Лигата на шампионите против Јувентус. Во 1996-та, Дел Пјеро играше за Јуве во генерацијата којашто го освои вториот клупски трофеј во елитната конкуренција.

„Тој е вистински број 10. Има талент, страст, магија. Меси е есенцијата на фудбалот и ние сме среќни што игра во наше време за да можеме да го гледаме“, вели Дел Пјеро.

„Зборуваме за фудбалска Олимпијада. Тоа се играчи со највисоко ниво на интелигенција. Во својата улога тоа се уникатни фудбалери во историјата на играта“, Дел Пјеро ги оцени Чави и Пирло во пресрет на 60-то финале на Лигата на шампионите коешто утре ќе го гледате со пренос на МТВ од 20 и 35. Половина час порано е емисијата посветена на натпреварот Јувентус – Барселона.