ОПЕК го губи влијанието врз пазарот на нафта

05.06.2015 12:52

ОПЕК се уште има голема улога на регулатор на капацитетите на резервите, но се гледа дека не постои директна зависност од денешните одлуки на ОПЕК...

ОПЕК нема директно влијание врз пазарот на нафта, додека влијанието на државите кои не се членки на картелот се зголемува, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.

ОПЕК се уште има голема улога на регулатор на капацитетите на резервите, но се гледа дека не постои директна зависност од денешните одлуки на ОПЕК.

Новак додаде и дека се поголема улога има САД, каде производството на нафта бележи забрзан раст.