Сараево подготвено за посетата на Папата
05.06.2015 13:15
Во пораката од Ватикан, вели дека доаѓа во Босна и Херцеговина за да ја зацврсти верата на католиците и да го поддржи екуменскиот и меѓуверскиот дијалог...

Сараево е подготвено за утрешната посета на папата Франциск. Во пораката од Ватикан, вели дека доаѓа во Босна и Херцеговина за да ја зацврсти верата на католиците и да го поддржи екуменскиот и меѓуверскиот дијалог, но пред се да ги охрабри луѓето на мирен соживот.
Папата ќе одржи миса на стадионот Кошево пред околу 65 илјади аџии од регионот. Организаторите велат дека безбедносната состојба е под контрола и се подготвени да се справат со секој можен предизвик.
