МОН: Прашањата на екстерното се исти со оние што беа објавени на интернет

05.06.2015 15:01

Од МОН информираат дека станува збор за истите прашања, што се изведени и изготвени согласно со наставните планови и програми и за кои постоеше можност...

Министерството за образование и наука демантира дека прашањата што се дел од тестовите при процесот на екстерното тестирање, се различни од прашањата што биле јавно објавени пред полагањето.

Од МОН информираат дека станува збор за истите прашања, што се изведени и изготвени согласно со наставните планови и програми и за кои постоеше можност, доколку некој од учениците или кој било граѓанин забележи извесна грешка, да пријави со само еден клик на поставеното прозорче.

Министерството за образование и наука уште еднаш потврдува дека доколку во меѓувреме, додека трае тестирањето се констатира извесна потреба од корекција на прашање, ниту еден ученик нема да биде оштетен со одземање бодови при оценувањето, туку напротив, тоа прашање нема да се земе предвид при формирање  на конечната оценка од тестот.