Агенцијата за катастар воведе систем за управување со ресурси

05.06.2015 15:16

По електронските услуги за клиентите, направена е компјутерска конекција за размена на податоци со неколку државни институции. За реализација на проектот се потрошени 240 илјади евра...

Со нов софтвер за интегрирано работење, комплетно дигитализирано функционирањето  на државниот Катастар. По електронските услуги за клиентите, направена е компјутерска конекција за размена на податоци со неколку државни институции. За реализација на проектот се потрошени 240 илјади евра.

„Електронскиот катастар го овозможи целокупното електронско работење на катастарот кон клиентите во делот на примарната работа, значи решавање на предмети, издавање имотни листови… со овој систем  внатрешната организација на Катастарот се дигитализира комплетно. Веќе немаме  хартии внатри, системот дозволува комуникацијата меѓу вработените да биде електронска“ изјави директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески.

Системот овозможува најразновидни извештаи и статистики кои овозможуваат на менаџментот со минимални трошоци да се постигнат максимални резултати.