Незири: Ќе се разгледуваат предлозите на стопанството
Доколку предлозите за подобрување на амбиентот се издржани, ќе бидат прифатени, најави министерот за економија, Беким Незири...

Сите предлози кои доаѓаат од бизнис заедницата ќе бидат внимателно разгледани од министерството за економија и проследени до владата. Доколку предлозите за подобрување на амбиентот се издржани, ќе бидат прифатени, најави министерот за економија, Беким Незири.
„Министерството економија е отворено во континуитет особено кон стопанскиот сектор. Сите предлози кои ќе произлезат од стопанствениците и од кои било кои правни субјекти кои работат во правец на развој на економијата ние сериозно ќе ги разгледаме како Министерство за економија. Ќе бидат разгледани и на Влада и се разбира ако има позитивни идеи и сугестии ќе бидат прифатени“, истакна Незири.
Министерот за економија очекува дека политичката криза ќе биде надмината и оти нема негативно да влијае на економските планови на државата
