Свестки ден за заштита на животната средина

05.06.2015 15:51

Во стотина земји екологистите потсетуваат- со заедничко дејствување до почиста и поздрава иднина...

Седум милијарди соништа, една планета – употребувајте ја совесно. Под ова мото се одбележува Свесткиот ден за заштита на животната средина. Во стотина земји екологистите потсетуваат, со заедничко дејствување до почиста и поздрава иднина.

Свеста за еколошка заштита во Република Македонија се уште е на ниско ниво. Иако фрлањето на отпадоци со законските механизми е намалено, демнеат проблемите со третманот на отпадот и загадувањето на воздухот од индустриските капацитети.