Во Индија силувана туристка од Данска

15.01.2014 13:10

Најновата жртва на индиските силувачи е 51-годишна жена од Данска. Се загубила на патот до хотелот во главниот град Делхи и кога сакала да праша за правецот, била нападната од група мажи, силувана и ограбена со нож под грлото. Успеала да стигне до хотелот каде што го известила менаџерот. Трауматизирана побегнала од земјата во која туристите доаѓаат во потрага по прочистување и внатрешен мир.

„Ниеден турист не сака да дојде во Делхи по ваквите инциденти. Силувањето на Данката е ужасно. Баравме туристичка полиција, но ни ја дадоа само за парада, а не за нејзината вистинска функција“, вели Пахар Ганџ, генерален секретар на Асоцијацијата на хотелиери.

Полицијата го истражува нападот, но се уште нема уапсени. Незадоволството меѓу народот достигна точка на вриење особено по суровиот напад во метрото во Делхи на студентка која почина од ударите со метални прачки на силувачите. Власта не успева да се справи со инцидентите кои станаа секојдневие во Индија.

„Народот зборува дека Индија станала центар на силувањата. Мора сите да преземеме нешто за да ги одвратиме од тоа мажите во земјава“, изјави Шоба Оџа, лидер на владејачката Конгресна партија.

„Владата не испрати јасна порака до напаѓачите на жените дека е поинаква влада и дека нема да поштеди ниеден силувач“, објаснува Ани Раџа, лидер на Комунистичката партија.

Во земјата од милијарда луѓе, поради традицијата која им дава предност на машките деца, во руралните средини девојчињата се убиваат штом ќе се родат. Ова доведе до намалување на бројот на жените во земјата до тој степен што се запустени цели села, каде што единствени жители се мажи кои не можат да си најдат сопруги.