Тинитири Минтири филм фест: Најмладите се запознаваат со филмската уметност

05.06.2015 16:48

Под мотото „Филмови на големото срце“, од 5 до 7-ми јуни, во Кинотека на Македонија ќе се одржи првото издание на Меѓународниот филмски фестивал за деца „Тинтири Минтири филм фест“...

Возбудата кај овие деца кулминира додека го чекаат вечерашното премиерно фестивалско прикажување на делата што сами ги направиле. „Тинитири Минтири филм фест“ има една цел- најмладите да стекнат важни искуства поврзани со филмската уметност и да ја задоволат потребата за креативно изразување.

На ова прво издание на Фестивалот, премиерно ќе бидат прикажани осум краткометражни филмови изработени од 70-тина деца, членови на Детскиот креативен центар. Филмовите се со идеа и со порака.. Со детските филмски дела се верифицира нивниот труд и желба за работа. Целта ни е да оставиме траен печат во срцата на децата, кој понатаму може да помогне истите да започнат професионално да се занимаваат со филмот. Тие се нашите идни македонски филмски работници – велат организаторите.

Најдобриот филм на фестивалот ќе биде одбран од гласовите на децата во публиката, а во втората фаза од манифестацијата се планирани претставувања и кинопроекции низ цела Македонија.

Александра Перевска