Драматичен старт на финалето
Очекувано, Стив Кари со 26 поени и 8 асистенции го предводеше до победа домашниот состав помогнат од Томпсон со 21 поен...

Како што доликува на големо финале. Битката за титулата во американската професионална кошаркарска лига почна драматично, израмнето и без победник во регуларните 48 минути, па мораше да се доиграат уште 5 за домаќинот Голден Стејт да триумфира со 108-100 или со 10-2 во минутите од продолжението против составот на Кливленд.
Гостите одлично го почнаа мечот со 29-19 во првата четвртина, Вориорси вратија во втората со 29-22, за неизвесност во второто полувреме и 98-98 на крајот од регуларниот дел.
Очекувано, Стив Кари со 26 поени и 8 асистенции го предводеше до победа домашниот состав помогнат од Томпсон со 21 поен. Феноменално делуваат 44 поени, 8-те скока и 6-те асистенции на Леброн Џејмс, но недоволно за триумф на Кливленд.
Следниот натпревар во серијата подобар од 7е в понеделник рано наутро, одново на теренот на Голден Стејт.
