Бразил и Германија со по 3 победи во осминафинале

07.06.2015 18:12

Фаворитите немаа проблеми и само се загреваа за нокаут рундата, во која Бразил и Германија уште претходно обезбедија пласман...

Со 4 натпревари од последното 3 коло во “Е“ и “Ф“ групите заврши првата фаза на СП за фудбалери до 20 години, што се игра во Нов Зеланд. Фаворитите немаа проблеми и само се загреваа за нокаут рундата, во која Бразил и Германија уште претходно обезбедија пласман. Кариоките ја постигнаа третата победа во мечот со Северна Кореа со 3 : 0, иако противникот одолеваше точно еден час. Но автоголот на Мин Хју –Сонг ја разниша одбраната, по што Жан Карлос во 66 и Лео Переира во 86 минута ја потврдија победата. Во пресметката за второто место Нигерија со головите на Авонији во 33 и 54 минута славеа над Унгарија, но и двете селекции се пласираа меѓу 16 најдобри.

Германија во “Ф“ групата ја оствари и третата убедлива победа, овојпат над Хондурас со 5 :1. Ја најави Стендера од пенал во 2 минута, по што во 19 со автогол израмни Швабе. До полуврмето Бранд ја врати предноста во 30 минута, а до крајот „панцирите“ уште трипати ја погодија мрежата на противникот. Најпрвин Муктар во 50, подоцна Премел во 62 и Штарк во 81 минута. Победата на Германците ја искористи реперзентацијата на Узбекистан, која со 3 : 0 го совлада Фиџи и со првите освоени бодови во последен момент се избори за втората позиција. Се беше решено во завршната третина, откако Шомуродов го отвори ривалот, во следната минута Уринбоев зголеми на 2 : 0 а конечниот резултат го постави Косимов во судиското надополнување. Осминафиналето почнува на 10 јуни со дуелите Србија Унгарија, Гана –Мали, САД –Колумбија и Украина –Сенегал. Ден потоа играат Бразил –Уругвај, Германија –Нигерија, Португалија –Нов Зеланд и Австрија –Узбекистан.