СФФ доби втора награда на „Филм фестивал постер авордс’’

15.01.2014 13:33

Скопскиот филмски фестивал доби сребрена интернационална награда на „Филм фестивал постер авордс’’ за најдобар плакат во 2013. Тој е во друштво со фестивалот во Карлови Вари и со уште три други фестивали. Плакатот е иработен од струмичкиот уметник Ване Костуранов, кој вели дека имал целосна слобода во изразувањето и обликувањето на идејното решение.

Златното признание го доби постерот на Канскиот филмски фестивал, додека специјалното признание на жирито го доби постерот за 85-годишнината на доделувањето на наградите „Оскар’’. Третото место и бронзеното признание го делат вкупно 10 светски фестивали.