Турција: Партијата на Ердоган го загуби мнозинството во Парламентот

08.06.2015 08:54

Неофицијалните конечни резултати покажуваат дека АК партијата, по преброените 99 отсто од гласачките ливчиња, освоила 41 отсто од гласовите и 258 пратенички места...

Турската владејачка партија на Правдата и развојот (АКП) освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори, но првпат по 13 години, го загуби мнозинството во Парламентот на Турција.
 
Неофицијалните конечни резултати покажуваат дека АК партијата, по преброените 99 отсто од гласачките ливчиња, освоила 41 отсто од гласовите и 258 пратенички места. Тоа се 18 пратеници помалку отколку што се потребни за да се извојува уверлива победа.
 
Со ваквиот изборен резултат,  АК партијата не може да смета на двотретинско мнозинство во Парламентот, неопходно за спроведување на навестените уставни реформи и за проширување на овластувањата на претседателот.