Владеачката партија во Турција за прв пат ќе мора да формира коалиција

08.06.2015 10:35

Со освоени 41, 59 насто од гласовите или 261 пратеник за прв пат по 13 години АКП, не успеа да освои двотретинско мнозинство, и ќе мора да формира коалиција...

Владеачката партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, партијата за  правда  и развој освои најмногу гласови и победи на 25-тите парламентарните избори во Турција, кои се одржаа вчера. Со освоени 41, 59 насто од гласовите или 261 пратеник за прв пат по 13 години АКП, не успеа да освои двотретинско мнозинство, и ќе мора да формира коалиција. 

„Одлуката на народот е конечна и тоа треба да го почитуваат сите политички партии. Во изминативе 13 години доживеавме многу искушенија но никогаш нема да се предадеме. Сите мора да видат дека акп е победник на овие избори“, изјави премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.

Социјалдемократската народна партија освои 25,2 насто.

„Ова е голема победа за демократијата. Ние ќе продолжиме да работиме со иста одлучност како и досега“, вели Кемал Киликдароглу, лидер на Социјалдемократска народна партија.

Според преброените 98 насто од гласачките ливчиња владеачката партија АКП не го обезбеди потребното мнозинство и нема да може да прави измени во Уставот и проширување на ингеренциите на претседателот, што беше и главна цел на овие избори. Предизборната капања помина со низа нерегуларности и инциденти при што имаше повредени и загинати.

 

Марија Петкотвска