Ракомет, ЕП во Данска

Начевски и Николов ќе судат Шведска-Белорусија

15.01.2014 13:36

На четвртиот натпреварувачки ден на ЕП во Данска, својот прв „настап“ ќе го има и најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски / Славе Николов. Тие се делегирани да го водат натпреварот меѓу Шведска и Белорусија од 2.коло во групата Д во Копенхаген. За Белорусите мечот ќе биде од витално значење по убедливиот стартен пораз од Хрватска, додека Швеѓаните ќе сакаат да се надоврзат на високата победа над Црна Гора во 1.коло.

Нашите арбитри во последниве неколку години се дел од големите настани. Лани судеа и на Летните Олимписки Игри во Лондон, а на СП во Шпанија ја делеа правдата и на мечот за бронзениот медал. На годинашниот континентален собир во Данска, Начевски и Николов се една од дванаесетте елитни судиски двојки коишто ја добија довербата од ЕХФ.