Денеска се одлучува за исплатата на К-15
Според информациите, постигната била начелна согласност, регресот за годишен одмор за се регулира на гранково ниво...

Исплатата на К-15 да биде на доброволна основа. За ова ќе преговараат Синдикатот, Организацијата на работодавачи и бизнис коморите. Според информациите, постигната била начелна согласност, регресот за годишен одмор за се регулира на гранково ниво.
Ова подразбира дека приватниот сектор кој не е член на гранковиот синдикат нема да има законска обврска да исплаќа К-15. Доколку пак, компанијата има пари, работодавачот ако сака може на своите вработени да им исплати регрес за годишен одмор.
Исплатата на К-15 во висина од минималната загарантира плата беше договорена лани во колективниот договор за приватниот сектор. За газдите кои не го испочитуваа ова, следуваа парични казни.
