Јужна Кореја: Рапидно расте бројот на заболени од МЕРС
80 –годишен старец е последната жртва од оваа болест, а регистрирани се уште 23 ново заболени. Поради опсаностод ширење на вирисот, досега 2.300 луѓе се ставени во карантин, а кај 87 луѓе е констатирана болеста...

Паника во Јужна Кореја по соопштението на Министерството за здравство дека рапидно расте бројот на заболени од респираторниот вирус МЕРС. Според податоците на медицинските лица, 80 –годишен старец е последната жртва од оваа болест, а регистрирани се уште 23 ново заболени. Поради опсаностод ширење на вирисот, досега 2.300 луѓе се ставени во карантин, а кај 87 луѓе е констатирана болеста.
„80 – годишен старец денеска почина како последица од вирусот МЕРС. Изминатите денови шестмина починаа а расте и бројот на заразени“, изјави Квон Деок-Чеол, заменик министер, Биро за здравствена политика.
Властите во Сеул превентивно затворија повеќе од 2.000 училишта.
„Навистина сум задоволен што дел од училиштата се затворени, така сме побезбедни. МЕРС е страшна болест која има висока стапка на смртност. Превентивните мерки се најважни“, вели Јо Јанг, ученик.
Според податоците на Европскиот центар за контрола на болести, Јужна Кореја е веднаш по Саудиска Арабија по бројот на заболени. По вонредните мерки на Сеул и другите азиски земји почнаа со превентивни мерки.
Малезија им советуваше на своите граѓаните да не патуваат надвор од државата, Сингапур ги одложи сите закажани екскурзии за Сеул. Властите најавија ригорозни мерки за сите кои нема да ги почитуваат наредбите за карантин, а спроведени се и анализи на контактите на заболените.
Вирусот МЕРС, кој има симптоми слични на грип се појави пред 13 години во Кина, при што 800 луѓе починаа како последица на болеста.
Марија Петковска
