Рели Дакар 2014

Петерхансел се приближува, Кома се оддалечува

15.01.2014 13:56

Авто-мото авантуристите на Релито Дакар 2014 денеска се соочуваат со извонредно тешка мисија по чилеанските пустински предели меѓу Икике и Антофагаста. Десеттата етапа од престижното натпреварување е во должина од 631 километар.

Авто-мото авантуристите на Релито Дакар 2014 денеска се соочуваат со извонредно тешка мисија по чилеанските пустински предели меѓу Икике и Антофагаста. Десеттата етапа од престижното натпреварување е во должина од 631 километар.

Францускиот великан на рели-возењето Стефан Петерхансел си ги обнови надежите за хет-трик на Релито, триумфирајќи на вчерашната деветта етапа во конкуренција на автомобилисти. 422-та километра од делницата меѓу чилеанските места Калама и Икике, 48-годишниот ас во возилото на Мини ги мина за две минути и 17 секунди побрзо од понеделничкиот победник, тимскиот Катарецот Насел Ал-Атијах. Водечкиот во севкупниот поредок, Шпанецот Нани Рома, исто така од Мини, заостана 11 минути. 

Лауреатот меѓу мотоциклистите во 2004, Рома, има предност од над 12 минути во однос на Петерхансел, додека третопласираниот Аргентинец Орландо Теранова, кој исто така е член на најуспешниот тим на Мини, доцни над 50 минути.

Меѓу мотоциклистите, чекор поблиску до вкупен триумф е Шпанецот Марк Кома на КТМ, кој оствари нов етапен успех со реузлтат подобар за една минута од оној на сонародникот од Хонда, Хоан Бареда Борт. Петкратниот шампион, Французинот Сирил Депре на Јамаха, кој победи во понеделникот, заврши трет со заостанување од пет минути.

Кома води во генералниот пласман со предност од 40 минути во однос на Бареда, додека третиот Шпанец Жорди Виладомс на третата позиција доцни над час и половина.