Втор ден од самитот на лидерите на Г-7
08.06.2015 14:09
Американскиот претседател Барак Обама ја повика Велика Британија да не ја напушта Европската Унија. Германската канцеларка Меркел пак апелираше лидерите на Г-7 да упатат „единствена порака“ дека санкциите против Русија...

Втор ден од самитот Г-7 на најмоќните економии во светот. Насилство во Источна Украина, финансиската криза на Грција, глобалната економија и тероризмот се во фокусот на дискусиите.
Американскиот претседател Барак Обама ја повика Велика Британија да не ја напушта Европската Унија. Германската канцеларка Меркел пак апелираше лидерите на Г-7 да упатат „единствена порака“ дека санкциите против Русија можат да бидат повлечени само доколку биде исполнет мировниот договор за Источна Украина, што беше договорен во февруари.
