Кинезите го градат најголемиот стаклен мост на светот

08.06.2015 15:27

Овој најголем стаклен мост на светот го осмислила израелската архитектонска компанија Хаим Дотан...

Огромниот мост ќе ги поврзува двете страни на кањонот Жангџиајие, широк 385 и длабок 300 метри. Мостот што се наоѓа во провинцијата Хунан е во завршна фаза.

Овој најголем стаклен мост на светот го осмислила израелската архитектонска компанија Хаим Дотан.

Мостот меѓу потпорните столбови ќе биде долг 430 метри. Официјално ќе биде пуштен во употреба во октомври, и на него истовремено ќе може да стојат 800 луѓе.