Силен земјотрес ја погоди Јапонија
08.06.2015 15:29
Епицентарот на земјотресот е на 132 километри североисточно од градот Хачинохе, а длабочината на ударот била 80 метри...

Земјотрес со сила од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот брег на на Јапонија, соопшти Американскиот геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот е на 132 километри североисточно од градот Хачинохе, а длабочината на ударот била 80 метри, пренесува Ројтерс.
Засега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета.
