Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Сојузот на музичките уметници

08.06.2015 15:55

Директорите на националните музички установи истакнаа дека ќе ја интензивираат и досега добрата соработка со музичарите и композиторите чии дела се често на нивниот репертоар...

Ќе се стимулира домашното творештво. Музичките институции потпишаа меморандум за соработка за збогатување на камерната активност и концертната дејност. Со спроведување на овој меморандум ќе се обезбеди повеќе простор за нашите уметници во институциите на културата, рече министерката Канческа- Милевска.
 
Директорите на националните музички установи истакнаа дека ќе ја интензивираат и досега добрата соработка со музичарите и композиторите чии дела се често на нивниот репертоар.
 
Градоначалникот Трајановски, рече дека Град Скопје ќе се заложи, во рамките на своите можности, техничи и просторни, да им излезе во пресрет на сите заинтересирани камерни оркестри.
 
Во изминатиот период во институциитеод културата се вработени околу 150 музичари, месечните примања се зголемени за околу 60 насто, а воведени се титулата национален уметник и националните пензии. 
 
Канческа вели дека со овие мерки се валоризирал трудот на уметниците.
 

Александра Перевска