Коцијанчич: Ги очекуваме политичките лидери, состанокот е од огромна важност
Во моментов, Европската Комисија е фокусирана на деталите на договорот меѓу поличките партии, односно со потпишување на истиот од страна на премиерот Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со што би се ставило крај на политичката криза во Македонија...

Подготовките за престојниот состанок во Брисел се во финална фаза, потврди портпаролката на комесарот Хан, Маја Коцијанчич. Во моментов, Европската Комисија е фокусирана на деталите на договорот меѓу поличките партии, односно со потпишување на истиот од страна на премиерот Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со што би се ставило крај на политичката криза во Македонија.
„Како што реков, ги очекуваме политичките лидери од земјата, да учествуваат на овој состанок- од огроман важност е да учествуваат. Што се однесува до деталите од договорот, и комесарот Хан лично објасни, дека за некои работи се разговарло и веќе е договорено, но има и бројни прашања за кои допрва ќе се разговара во среда“, изјави Коцијанчич.
Да потсетиме дека минатиот петок комесарот Хан истакна дека целосно и недвосмислено ја подржува оценка на ОБСЕ за минатогодишните избори, во која е неаведено дека изборите се ефикасно спреведени, но и дека има бројни забелешки во изборниот процес.
Со договорот во среда треба да бидат елиминарани условите за нивно повторѕување. Хан додаде и дека очекува политичка и судска разрешница за аферата „Пуч“ и „Прислушување“.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
