СДСМ ќе им подели папки со прислушувани разговори на невлдините организации

08.06.2015 16:45

Овој пат Заев не ги објави јавно тонските материјали, туку само потенцира дека снимките ќе им бидат поделени во седиштето на СДСМ, на Хелсиншкиот комитет, Транспарентност Македонија, Фондацијата отворено општество - Сорос, невладината Цивил, Фондацијата Метаморфозис, Истражувачкиот Центар за граѓанско општество, Македонскиот Центар за европско образование...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од пред кампот пред Владата најави дека ќе им подели папки на претставниците на невладините огрганизации, за кои што тврди дека содржеле аудио снимки кои што ги снимала УБК.

Овој пат тој не ги објави јавно тонските материјали, туку само потенцира дека снимките ќе им бидат поделени во седиштето на СДСМ, на Хелсиншкиот комитет, Транспарентност Македонија, Фондацијата отворено општество - Сорос, невладината Цивил, Фондацијата Метаморфозис, Истражувачкиот Центар за граѓанско општество, Македонскиот Центар за европско образование, кои, како што вели, биле само мал дел од мрежата на невладиниот сектор.

Според Заев, цивилниот сектор еден од носечките столбови на демократската јавност, па затоа со прислушкувањето смета тој се загрозени основните граѓански и човекови права.

Заев најави дека тој е отворен за сите можни предлози на средбата со лидерите на политичките партии и еврокомерсарон Хан во Брисел, но дека сепак ќе инсистира на чело на преодната влада да не биде премиерот Груевски.

На прашањето за калкулантските релации со ДУИ, тој одговори дека само граѓаните на избори ќе решаваат кому ќе му ја дадат довербата да состави влада. ДУИ доколку не сака да биде соучесник на коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, може да ја напушти владата и со тоа да предизвика пад на владата, истакна Заев.  

Игор Панов