Помош во вистинско време: 120 земјоделци од Могила добија обештетување
120 земјоделци во Општна Могила го добија обештетувањето. Велат помошта доаѓа во вистинско време. Дел од земјоделците ќе ги наменат и за прихрана на почвата, за да добијат подобар род. Апелот од надлежните е навреме да се осигураат посевите...

10-те хектари посеани со пченица на земјоделецот Ѕвонко Трајчевски кои ги проглтаа поплавите се обештетени. Над 135 илјади денари државни пари легнаа на неговата сметка. Поради поплавите, вели доцни и пролеттната сеидба, но се надева дека ќе излезе од кризата.
„Вреди таа помош, пари ни требаат за сите работи во земјоделието. Нафта, вештачко ѓубре, моментално и за закаснетото садење на пипер, тутун, тие пари ни се добредојдени“, вели земјоделецот Ѕвонко Трајчевски.
Тој е само еден од 120-те земјоделци во Општина Могила, кои први ги добија парите од обештетувањето. Помошта доаѓа во вистинско време. Земјоделците велат, дел од нив ќе ги наменат и за прихрана на почвата.
„Отежната е малку пролетната сеидби ама ќе се сработи. Парите ќе ни се најдат за отежнатата сеидба и за нови прихрани, нови прскања“, рече Благојче Трпковски, земјоделец.
„Парите што ги добивме ќе ги намениме за прхрана на почвата, за да добиеме подобар род“, изјави Магдалена Гулевска, земјоделец.
Оштетата на земјоделците овој пат е 100 процентна. Апелот од владата е земјоделците навреме да го осигураат имотот.
„До крајот на неделата сите земјоделци кои беа оштетени ќе бидат обештетени, а тоа е добра можност земјоделците во Општина Могила да продолжат со следните активности во земјоделието, затоа што во земјоделието нема крај. До крајот на месецот по сите основи и оние кои очекуваат од помошни објекти и куќи ќе се заврши целосно исплатата во Општина Могила“, изјави Стево Пивковски, градоначалник на Општина Могила.
Поплави какви што не се паметат во последните 40 години и нанесоа огромни штети на Пелагонија. Во најпогодената општина, Могила штетите се проценети на околу 90 милиони денари - речиси половина се штети на земјоделски посеви.
Андријана Атанасовска
