ФИФА го направи конечниот список

25 судиски тројки за Мундијалот во Бразил

15.01.2014 14:02

За квалитетно Светско првенство се потребни и добри судии. ФИФА ги одреди 25-те тројки и уште осумте резервни двојки коишто ќе ја делат правдата на Мундијалот во Бразил. Ова е скратениот и конечен список којшто во 2011-та година сочинуваше 52 тројки. Интересно од него отпаднаа неколку реномирани судиски имиња како Унгарецот Виктор Касаи најверојатно поради проблематичните асистенти, Словенецот Дамир Скомина кој лошо го водеше реванш баражот меѓу Франција и Украина, потоа Шпанецот Алберто Ундиано Маљенко и Французинот Стефан Ланој.

При изборот на судиите, ФИФА се базираше на следниве критериуми: каква личност се, колку го разбираат фудбалот и колку можат да ја прочитаат играта и тактичкиот пристап на репрезентациите.

Европа има најмногу селекции на Светскиот шампионат, па разбирливо што и судиите од стариот континент се најбројни. Во деветте влегоа Феликс Брих  - Германија, Чунејт Чакир – Турција, Јонас Ериксон – Шведска, Бјорн Кујперс – Холандија, Милорад Мажиќ – Србија, Педро Проенса – Португалија, Никола Рицоли – Италија, Карлос Веласко Карбаљо – Шпанија и Хауард Веб – Англија.

Од Јужна Америка ќе биде претставена од пет судиски комбинации предводени од Енрике Роберто Осес Зенкович – Чиле, Нестор Фабијан Питана – Аргентина, Ролдан Перез – Колумбија, Сандро Меира Ричи – Бразил и Вера Родригез – Еквадор.

Четворицата судии од Азиската конфедерација се Равшан Ирматов – Узбекистан, Јуичи Нишимура – Јапонија, Абдула Шукрала – Бахреин и Бенџамин Вилијамс – Австралија.

Да бидат на Мундијалот со квалитетот заслужија по тројца судии од КОНКАКАФ зоната: Агилар Чикас – Салвадор, Марк Гајгер – САД и Родригез Морено – Мексико, како и од Африка: Десире Доуе – Брег слонова коска, Папа Гасама – Гамбија и Џамел Хаимуди – Алжир, додека Океанија ќе ја претставува Питер О’Лири од Нов Зеланд.

Првпат во историјата на светските првенства и воопшто на големите натпреварувања, судиите ќе имаат помош од компјутерската технологија којашто ќе биде решавачка при евентуалните спорни ситуации дали топката ја минала гол линијата.