Сидорф не ги израдува сонародниците - легенди

15.01.2014 14:04

Холандската фудбалска легенда Руд Гулит изрази сомневање во изборот на Кларенс Сидорф за нов тренер на Милан.

„Тој нема никакво искуство како тренер, само што ја заврши кариерата, но верувам дека ќе се снајде во новата улога“, рече Гулит откако раководството на „росонерите“ реши да му се заблагодари на Масимилијано Алегри и да му даде шанса на Сидорф.

Иако се сонародници, уште еден прославен  поранешен холандски фудбалер има поинакво мислење од челниците на Милан. Марко ван Бастен верува дека имало подобри решенија. „Клубот има многу проблеми и мислам дека потребен му е поискусен тренер“, јасен беше ван Бастен.