Пререгистрација на осигурениците во Велес

15.01.2014 14:08

 Невработените лица  кои здравствено осигурување остваруваат по тој основ од први наредниот месец ќе треба да извршат пререгистрација . Од подрачната служба  на Фондот за здравствено осигурување  во Велес апелираат  осигурениците  навреме да ја извршат оваа обврска.

 Невработените лица  кои здравствено осигурување остваруваат по тој основ од први наредниот месец ќе треба да извршат пререгистрација . Од подрачната служба  на Фондот за здравствено осигурување  во Велес апелираат  осигурениците  навреме да ја извршат оваа обврска.

,,Апелирам и до сите оние осигуреници кои имаат основ на осигурување како невработени лица во периодот од 1-во февруари до 31-ви март да се јават во Фондот за здравствено осигурување за да остварат право на осигурување со поднесување на пријава за приходи во 2013 година“, вели Анде Марковски раководител на ФЗО-Велес.

Пререгистацијата е задолжителна за секој невработен кој сака  и во 2014 година да има бесплатно здравствено осигурување. За да се избегнат турканиците Фондот најавува ангажирање  на повеќе службеници.

„Фондот ангажира волонтери и на тој начин го продолжува работното време во втора смена ,затоа мислиме дека нема да имаме никави проблеми“,посочи  Бојан Цветковиќ, Сектор за управување со човечки ресурси во ФЗОМ.

Во Велес обврска за пререгистрација имаат неколку илјади невработени. Тие во Фондот  потребно да потпишат изјава дека во 2013  година не оствариле приходи. Тоа е единствен услов за да добијат бесплатно здравство. Ако има потреба од подрачната служба  велат  дека ќе  воведат  и втора смена за шалтерските работници, со цел невработените пререгистрирацијата да ја завршат  до 31-ви март.

 

Новинар: Дијана Иванова                                  

Снимател: Никола Василковски