Заострена дисциплината кон фирмите неплаќачи
Деловниот амбиент постојано се подобрува . Нови фирми ќе се регистрираат исклучиво по електронски пат за нула денари , а мрежата на овластени регистрациони агенти постојано се зголемува.По барање на Коморите рокот за доставување завршни сметки се продолжува . Државата го заострува односот кон неплаќачите.
,,Не ќе можат да купат или пренесат удел на фирма лица што должат данок или пак царина и се на црниот список .” - најави министерот за економија Ваљон Сараќини.

Најдобра потврда за виталноста на домашната економија е бројот на новорегистрирани фирми кој лани е двојно поголем во однос на бројот на затворени . Од вкупно регистрирани 103 илјади фирми во земјава, активни се меѓу 70 и 80 илјади, што редовно доствуваат завршни сметки до Централниот регистар.Во постапка на бришење се околу 37.000 фирми кои не се активни 3 и повеќе години , најчесто со блoкирани сметки .УЈП го утврдува нивниот правен статус и за две-три недели јавно ќе биде објавен списокот.
Се дополнува Законот за стечај и во иднина електронски ќе се избираат стечајни управници ,а на ист начин ќе се продаваат и делови од стечајната маса. Рокот за затворање бизнис во нормална постапка е двојно скратен од 45 на само 22 дена .
Свето Николовски