Украина: Изгаснат пожарот во магацинот за нафта

09.06.2015 18:25

Секретарот на Националниот совет за одбрана Александар Турчинов соопшти дека нема повеќе опасност од ширење на огнот, и дека пожарникарите ги гаснат последните остатоци од пожарот...

Изгаснат е пожарот што изби во магацин во близина на Киев, којшто предизвика експлозија на резервоар со гориво. Огнот избил во текот на ноќта и се прошири на 16 резервоари со бензин. Сопствениците на магацинот се сомневаат дека пожарот бил подметнат.

Секретарот на Националниот совет за одбрана Александар Турчинов соопшти дека нема повеќе опасност од ширење на огнот, и дека пожарникарите ги гаснат последните остатоци од пожарот.

Украинските медиуми јавија дека едно лице починало од повредите во инцидентот, а дека неколкумина се повредени. Се уште  е непозната судбината на тројцата пожарникари за кои претходно беше објавено дека загинале.