Египет: Смртни казни поради немири на фудбалски натпревар

09.06.2015 16:09

До несреќата дошло кога навивачите од домашниот клуб истрчале на теренот по натпреварот и ги нападнале играчите и стручниот штаб од гостувачката екипа со ножеви и остри предмети...

Египетскиот суд во Порт Саид осуди 11 лица на смртна казна поради предизвикување немири по фудбалски натпревар во 2012 година во кои загинаа 74 лица. Исто така под истотот обвинение на 15 години затвор се осудени 40 луѓе.

До несреќата дошло кога навивачите од домашниот клуб истрчале на теренот по натпреварот и ги нападнале играчите и стручниот штаб од гостувачката екипа со ножеви и остри предмети. Според обичаите во Египет, решенијата за смртни казни мора да ги одобри големиот муфтија.