Фудбал - трансфери

Енрике и Видал останаа во Барса, Кедира во Јуве

09.06.2015 20:11

Европскиот шампион има забрана за трансфери на нови фудбалери во овој преоден рок, но веќе обезбеди јануарско засилување во Алекс Видал од Севилја кој потпиша петгодишен договор...

Луис Енрике останува на клупата на Барселона откако го продолжи договорот на две години.

Иако имаше понуди од Милан, Манчестер Сити и од Пари сен Жермен, а доби и конкуренција на десната дефанзивна позиција и Дани Алвес се согласи на нова верност и тоа до 2017-та. 32-годишниот Бразилец во Барса е од 2008-та година и досега освои 19 трофеи.

Европскиот шампион има забрана за трансфери на нови фудбалери во овој преоден рок, но веќе обезбеди јануарско засилување во Алекс Видал од Севилја кој потпиша петгодишен договор.

И финалистот на Лигата на шампионите, Јувентус размислува како да биде поквалитетен, па во следните четири сезони негов играч ќе биде Сами Кедира.

Германецот како слободен играч ќе се пресели од Реал Мадрид во Торино.