Фудбал У21 - Квалификации за ЕП, Исланд - Македонија

Нов почеток на младите фудбалери

09.06.2015 20:13

На првиот натпревар в четврток на гости против Исланд, Македонија ќе биде ослабена затоа што Барселона Б не го ослободи од клупските обврски Бабунски, додека повредени се Аврамовски, Барди, Илиев и Денковски...

Имало квалификации во коишто македонската селекција за фудбалери до 21 година била конкурентна, но на минатите заврши на последното место. Сега, под водство на селекторот Благоја Милевски, нашите јуниори остварија две победи и едно реми како дел од подготовките за дуелите со  Франција, Украина, Северна Ирска и со Исланд во квалификациите за Европското првенство во 2017-та.

На првиот натпревар в четврток на гости против Исланд, Македонија ќе биде ослабена затоа што Барселона Б не го ослободи од клупските обврски Бабунски, додека повредени се Аврамовски, Барди, Илиев и Денковски.

Најдобрите репрезентации од девете групи ќе играат на ЕП заедно со домаќинот Полска, како и со победниците од бараж дуелите меѓу четирите најуспешни второпласирани селекции.