Фудбал

Квалификации за ЕП Словачка - Македонија

09.06.2015 20:16

И овој циклус најверојатно нема да донесе напредок, па Друловиќ може да се насочи на креирање тим којшто сепак има обврска за добра игра и на гостувањето во Жилина без разлика што Словачка е лидер во нашата група со максимални пет триумфи.

Загубената верба се враќа само со победи, па тоа ќе биде целта на новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Љубинко Друловиќ во вториот дел од квалификациите за Европскиот шампионат.

И овој циклус најверојатно нема да донесе напредок, па Друловиќ може да се насочи на креирање тим којшто сепак има обврска за добра игра и на гостувањето во Жилина без разлика што Словачка е лидер во нашата група со максимални пет триумфи.

Покрај Јове Костовски, поради повреда дефинитивно отпадна и Ванче Шиков. Во враќањето на позитивната атмосфера пак, ќе учествува и Саша Ќириќ кој е нов технички менаџер на репрезентацијата на местото на Илија Најдовски.

Преносот Словачка - Македонија ќе биде в недела на МРТ1 во 20.45.