Металург не се откажува од елитата
Металурзите се надеваат дека ЕХФ ќе го респектира нивното реноме создадено минатите сезони, но за поворно да бидат дел од ракометната елита ќе мора да формираат и квалитетен тим способен да одговори на предизвикот...

Откако ја преживеа една од најтешките сезони во поновата клупска историја, Металург не се откажува од играњето во Лигата на шампионите. Екипата од Автокоманда и официјално аплицираше за специјална покана и ги исполни сите административни формалности.
Металурзите се надеваат дека ЕХФ ќе го респектира нивното реноме создадено минатите сезони, но за поворно да бидат дел од ракометната елита ќе мора да формираат и квалитетен тим способен да одговори на предизвикот.
Во него нема да биде Никола Митревски кој е нов голман на португалска Бенфика. Засилувањата пак, се очекуваат наредните денови.
