Ракомет - Квалификации за ЕП Швајцарија – Словачка

Ослабени, но фаворити

09.06.2015 20:24

Патот кон Полска изгледа отворен, но за да нема дополнителни компликации, Македонија треба да ги совлада Швајцарија утре на гости и Чешка в недела дома...

Не научија на добри резултати и на константни настапи на големите натпреварувања, па од нашите најдобри ракометари се очекува и пласман на Европското првенство следната година.

Патот кон Полска изгледа отворен, но за да нема дополнителни компликации, Македонија треба да ги совлада Швајцарија утре на гости и Чешка в недела дома. Во вообичаени околности Швајцарците не би биле закана, но Македонија во Сент Гален ќе настапи без Наумче Мојсовски, ренато вугринец и Лазомајнов, додека капитенот Кирте Лазаров ќе игра само ако е неоходно. И со овие проблеми нашата репрезентација којашто има врзани три победи во меѓусебните дуели, повторно ќе биде фаворит иако претпазливоста е присутна.