Засилени мерки против вирусот МЕРС во Јужна Кореја

10.06.2015 11:27

Владата нареди поставување на термални камери на аеродромите, а поголемиот број жители одат со заштитини маски...

Владата во Јужна Кореја почна со засилени мерки на претпазливост во сите јавни институции, по појавата на респираторниот вирус МЕРС. Во последните 24 часа регистрирани се 13 новозаболени, а двајца починаа.

Според Министерството за здравство во земјата има 108 заболени. Владата нареди поставување на термални камери на аеродромите, а поголемиот број жители одат со заштитини маски.

Експертите велат дека следните неколку дена се најкритични, дали епидемијата ќе стагнира или ќе доживее прогрес.

Бизнисмените се загрижени дека ширењето на болеста ќе има негативно влијание врз економијата.