Македонија на автомобилскиот Конгрес во Северна Америка
Виктор Мизо, директорот на технолошко-развојните зони, заедно со Генералниот Конзул во Детроит, Елена Зарковска и економскиот промотор во САД, Дејан Величков на 14 и 15 јануари учествуваа на Automotive News World Congress, кој се одржува во Детроит за време на најголемиот автомобилски саем во Северна Америка.
Виктор Мизо, директорот на технолошко-развојните зони, заедно со Генералниот Конзул во Детроит, Елена Зарковска и економскиот промотор во САД, Дејан Величков на 14 и 15 јануари учествуваа на Automotive News World Congress, кој се одржува во Детроит за време на најголемиот автомобилски саем во Северна Америка. Претставници на најголемите автомобилски компании во светот како и директори на глобалните компании за производство на автомобилски делови се присутни на Конгресот. Македонија беше промовирана со национален штанд кадешто од корпорациите се информираа за условите и бенефициите за инвестирање на автомобилскиот сектор во Македонија. Делегацијата од Македонија оствари средби со извршните директори на повеќе американски и европски компании, производители на автомобилски делови со кои се разговара за потенцијални инвестициски проекти во слободните економски зони во Македонија. Дел од компаниите најавија работни посети до крајот на првиот квартал од 2014 во земјава за да се финализираат преговорите за изградба на нивни фабрики во Македонија.
