Прв подвижен музички театар во Битола
Вечерва со моно-операта „,Дневникот на Лудиот“ од Гогољ, стартува новоформираниот подвижен музички театар во Македонија. Авторот на проектот, познатиот битолски композитор Маријан Нечак смета дека новиот проект ќе биде посветен исклучиво на претстави во кои ќе доминираат мотивите од визуелните уметности...

Битола, отвара ново поглавје од театарскиот живот. Со моно операта „Дневникот на Лудиот“ од Гогољ, битолскиот композитор, а воедно и режисер на претставата Маријан Нечак, стартува со проектот подвижен музички театар. Во ова прва премиера, публиката пруку настапот на хрватскиот актер Озрен Грабариќ и видео инсталацијата, дело на неговиот сонародник Марин Лукановиќ ќе има можност на англиски и шпански јазик да ја доживее вечната светска тема, продлабучувањето на односите помеѓу богатите и сиромасите, посилните и послабите.
„Тоа не е само индивидуална проблематика туку проблем и на малите народи како што се Македонија и Хрватска. Од таа позиција во овој глобален свет во кој владеат големите светски сили. И тие најчесто одлучуваат за се, ние обично сме минорни во олучувањето на било што во светските простори. Токму оваа тема ме потикнува на два јазици да го искажам мојот став“, вели хрватскиот актер Озрен Грабариќ.
Новофотмираниот движечки театар ќе биде исклучиво посветен на претстави. Ќе доминира музуката, мотиви од филмот и другите визуелни уметности- целта е подлабико да се допре до младата публика за да сфати дека начинот на размислување денес е сменет, вели авторот на проектот.
„Оваа новост мислам дека ќе биде добродојдена на овие простори, затоа освен театрите „Комедија“ и „Теразија“ од бившите југословенски простори, не знам друг некош што приредувал вакви претстави“, вели режисерот Маријан Нечак.
По битолската премиера, оваa моноопера веднаш ќе настапи и пред хрватската публика. Ќе има долга турнеја бидејќи е потврдено учеството на фестивалот „Охридско Лето“, а ќе ја гледаат и претставници на минхенскиот „Мета театар“ со цел да ја селектираат за германсите фестивали.
Стевче Митревски
