Бомбашки напад во Луксор
10.06.2015 14:34
Нападот го извршиле двајца бомбаши самоубијци со автомобил, кој бил поставен во близина на најатрактивниот дел, до храмот Карнак...

Бомбашки напад во атрактивното туристичко место Луксор во Египет. Според првичните информации во инцидентот има повредени двајца полицајци, а еден човек е пренесен во болница.
Нападот го извршиле двајца бомбаши самоубијци со автомобил, кој бил поставен во близина на најатрактивниот дел, до храмот Карнак, кој е втора по посетеност туристичка дестинација.
Полицијата соопшти дека изутрината биле спречени уште два бомбашки напади.
