Нови експлозии во магацинот за нафта кај Киев
10.06.2015 13:07
Горат шест резервоари со гориво. Десетина противпожарни единици и спасувачи се борат со огнената стихија...

Изутринава одекнаа нови експлозии во магацинoт за нафта во близина на Киев. Горат шест резервоари со гориво. Десетина противпожарни единици и спасувачи се борат со огнената стихија, но се соочуваат со проблеми да ја стават под контрола, бидејќи резервоарите со гориво се близу еден до друг.
Во инцидентот има повредени. Во моментот најголема опасност е дождот кој може да предизвика катастрофална контаминација на теренот, соопшти владината прес служба. Пожарот избувна пред два дена и досега зафати најмалку 16 резервоари.
