Заврши учебната година!

10.06.2015 16:21

Празни училишни клупи и ходници. За 300 илјади основци и средношколци заврши учебната година. Средношколците од четвра година се подготвуваат за државната матура...

10-ти јуни е најубавиот училиштен ден за учениците. Тој го означува почетокот на летниот распуст. Три безгрижни месеци без учење, без испрашување и без домашни задачи.

Празни училишни клупи, ходници. За 300-те илјади основци и средношколци заврши учебната година, а со неа и екстерното тестирање.

„Ни заврши екстерното тестирање, сега ги враќаме книгите, поминавме добро, ги очекуваме оценките... Екстерното тестирање заврши добро, се беше добро. 10-ти јуни е, се радуваме што завршиме и сега ќе се подготвуваме за 9-то“, велат дел од учениците кои ги анкетиравме. 

Подолги ноќи, и повеќе време за дружење - учениците со план за летниот одмор.

„Ќе имам повеќе време да си играм со другарчињата поубаво ќе ми биде, ќе играме фудбал. Задоволен сум како помина учебната година, научив повеќе од тоа што мислев“, вели друг ученик.

Од основното училиште денеска се збогува и првата генерација деветолетка. Директор на училиштето „Блаже Конески“ вели дека овој систем е подобар од минатиот, а екстерното тестирање дава резултати. 

„Верувам дека сите ученици успешно се оценети и ќе бидат задоволни. Не треба да се грижиме дали овој начин на испрашување е успешен, секако дека е добар, сметам дека и идните генерации треба да имаат екстерно тестирање“, изјави Раде Жегарац - директор на ОУ „Баже Конески“.

Додека едни го слават почетокот на летниот распуст - повеќе од 17 илјади и 600 средношколци од четвра година се подготвуваат за државната матура. Утре се полага мајчин јазик, кој е задолжителен за сите ученици.

„На 15-ти јуни во сите средни училишта странски јазик ќе полагаат 16.336 ученици. На 17-ти јуни математика ќе полагаат 2.626 кандидати. А на 19-ти јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Сите испити почнуваат во 10 часот“- пишува во соопштението од Државниот испитен центар.

Во процесот на реализација на државната матура ангажирани се повеќе од 2 илјади наставници како тестатори и околу 200-те набљудувачи од институциите надлежни за образованието во земјава.

 

 

Андријана Атанасовска