Експерти: Термоелектраните да се модернизираат- да не зависиме од увоз на струја

10.06.2015 16:33

Ќе се соочиме со потреба од увоз на струја во висина од 150 милиони евра ако не се модернизираат термоелектраните – оценуваат познавачите и сугерираат, да се води сметка при изборот кое гориво ќе се користи за да се обезбеди долгорочен производствен процес од најмалку 35 години...

Најдоцна до 2017- тата термоелектраната Осломеј треба да се модернизира, да ги задоволи новите технолошки норми за да работи со полн капацитет- непходност за енергетската стабилност на Македонија, оценуваат познавачите. Се бара чаре, што е поевтина опција, да се подобрува постојната опрема или да се гради нова модерна електрана.

„Да не се фрлаат 50 или 60 милиони евра, само за еколошките делови, туку да се изгради нова, високо ефиканска електрана, а дел од сегашните делови би се искористиле“, смета академик Глигор Каневче.

Ќе се соочиме со потреба од увоз на струја во висина од 150 милиони евра ако не се модернизираат термоелектраните – оценуваат познавачите и сугерираат, да се води сметка при изборот кое гориво ќе се користи за да се обезбеди долгорочен производствен процес од најмалку 35 години. Анализите говорат- најдобра варијанта е  висококвалитетниот јаглен со постојна цена на светскиот пазар и можности за голем увоз, но со транспортни трошоци, најевтина- домашниот лигнит чии количени во блискиот крај се ограничени и не можат да ги задоволат годишните потреби. Да се комбинираат двете опции, да продолжат инвестициите во транспортот – вели првиот човек на Енергетската асоцијација.

„Енергетското прашањре во иднина ќе биде во голема мерка поврзано и со прашањето на логистика и со прашањето на обезбедување на патиша на јаглен, како да објектите денес кои постојат да не останат објекти кои нема да бидат искористени“, смета Кочо Анѓушев, претседател на МЕА.   

Енергетичарите предупредуваат што поскоро да се најде решение- ТЕЦ Осломеј мора да функционира.

„Предвидувањата се дека до 2018-та ќе може да се снабдува со овој квалитет на јаглен, од постојните наоѓалишта, додека онаа модернизација која треба да се направи после 2021-ва, да се користи увозен јаглен“, изјави Драган Мијалковски, претседател на ЗЕМАК.

Познавачите велат- во следните четири години се очекува цената на електричната енергија на слободниот пазар да се задржи на постојното ниво. За следната година цената е проектирана на 40- тина евра за мегават час, рапиден скок не се предвидува.

 

Сузана Фиданска- Стоевска