Разговори во Брисел: Се бара решение за надминување на актуелната политичка состојба

10.06.2015 17:01

Во Брисел средба на еврокомесарот Хан со лидерската четворка од Македонија. Се бара решение за надминување на актуелната политичка состојба. Денешниот состанок е продолжение на оној од 2-ри јуни од Скопје кога падна договор до април наредната година да има предвремени парламентарни избори...

Состанокот на четирите лидери на политичките парии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи со комесарот за соседска политика и преговори за придружување, Јоханес Хан овде во Брисел сеуште е во тек. Повеќе од 5 часа тие се обидуваат да ги допрецизираат деталите и израмнат ставовите кои произлегоа од последниот сосатнок во Скопје, a на кои кои беше договорено предвремени парламентарни избори во април идната година, додека во меѓувреме да се работи на измени на изборниот законик, реформи во судството, владеење на правото и слобода на изразување на медиуми.

Состанокот се води зад затворени врати и сеуште нема детали до каде се преговорите. Сепак на Твитер комеасарот Хан истакна дека се надева дека ова ќе биде добар ден за Македонија.

Европската комисија е силно фокусирана да постигне конечен договор за ставање крај на политичката криза во земјата- рече портапролката на комесарот Хан, Маја Коцијанчич на пладневната прес- конференција.

„Овој состанок е продолжување на последниот состанок во Скопје, и еврокомесарот Хан веќе изјави дека одредени прашања беа дискутирани и договорени, но за одредени прашања треба исто така да се разговара, затоа и тие се договорија да се сретнат денеска. Состанокот е во тек, не можам да прецизирам детали, но генерално целта на средбата е да се изнајде решение за политичката криза во земјата и нашите напори се насочени во тој правец“, изјави Коцијанчич.

Доколку денеска се постигне договор, Европската комисија, како што најави Хан ќе го почне скрининг процесот за нашата земја, со неформално отворање на поглавјата 23 и  24 од Европскиот законик. Во спротивно, според официјален Брисел, доколку пак денеска некоја од засегнатите страни се обидеда ги минира преговорите со дополнителни барања или пак подоцна го изигра можниот договор, серизно го доведува во прашање евроинтеграцискиот напредок на Република Македонија.

Според најавите, денешните средби се очекува да завршат доцна попладне.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ