Терористички напад во Египет: Бомбаш самоубиец се разнесе во Луксор
Нападот бил извршен со автомобил бомба на паркиралиште во близина на централната туристичка локација во областа, древниот храм Карнак, кого годишно го посетуваат повеќе од еден милион туристи...

Бомбаш самоубиец се разнесе во познатиот туристички град Луксор во Египет. Во терористичкиот напад биле повредени четири лица, од кои двајца се полицајци и уште двајца локални жители.
Нападот бил извршен со автомобил бомба на паркиралиште во близина на централната туристичка локација во областа, древниот храм Карнак, кого годишно го посетуваат повеќе од еден милион туристи.
Напаѓачите се обиделе да ја минат заштитната ограда на храмот, по што двајца од нив влегле во престрелка со полицијата- едниот е ликвидиран, другиот е тешко ранет во главата.
Третиот се разнел активирајќи ја бомбата што ја носел со себе. Се смета дека милитантите имале за цел да и зададат уште еден удар на кревката туристичка индустрија на Египет. Досега никој не преземал одговорност за нападот.
Ова е втор напад на туристичка локација во Египет за само една недела, откако минаата среда кај пирамидите во Гиза беа убиени двајца полицајци со рафален оган од мотоцикл во движење. Последниот терористички напад во Луксор се случи во ноември 1997 година, кога исламските милитанти отвориле оган врз туристи во храмот Хатсхепсут на Западниот бред, стар 3.400 години, притоа убивајќи 58 луѓе.
Луксор е дом на некои од најпознатите древни храмови и фараонски гробници, меѓу нив и оној на Кралот Тутанкамон. Во меѓувреме египетските власти издадоа ги зајакнаа безбедносните мерки на местата со артефакти во целата земја во координација со Министерството за внатрешни работи.
Марина Автовска