Чавков: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна

10.06.2015 17:15

Министерството за внатрешни работи го подигнало нивото на безбедност за заштита на поединци и јавни објекти...

Поради сознанија и сомневања од евентуална освета поради акцијата во Куманово, министерството за внатрешни работи го подигнало нивото на безбедност за заштита на поединци и јавни објекти.

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков вели дека генерално, безбедносната состојба во Македонија е стабилна.

Овие сознанија иницираат на можности од асиметрични закани на поединци или групи. Така што зголемувањето на нивото на безбедност во однос на подигањето на оперативно ниво е токму во тој правец на превенирање или одвраќање на  такви активности. Но, во исто време сме должни да посочиме на можноста од такви ризици, вели Чавков.