Попоски во Виена на Постојаниот совет на ОБСЕ

11.06.2015 09:35

Попоски ќе се обрати пред Постојаниот совет, а ќе има и работен ручек со група амбасадори акредитирани во ОБСЕ...

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска ќе учествува на состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.
 
Попоски ќе се обрати пред Постојаниот совет, а ќе има и работен ручек со група амбасадори акредитирани во ОБСЕ.
 
Постојаниот совет на ОБСЕ е едно од најважните тела на најголемата регионална организација, сочинето од 57 претставници на земјите членки од Ванкувер до Владивосток, соопшти МНР.