Опсежна полициска акција во кумановско Ваксинце

11.06.2015 10:24

Полицијата затекнала 120 мигранти во различни куќи од селото. Се уште нема информација дали има приведени криумчари на овие бегалци...

Опсежна полициска акција изутринава се спроведува во куманосвксото село Ваксинце, кадешто има голем број на мигранти од Блискиот и Средниот исток, како и од африканските земји.

Полицијата затекнала 120 мигранти во различни куќи од селото. Се уште нема информација дали има приведени криумчари на овие бегалци.

Повеќе информации се најавуваат во текот на денот.