Норвешка ќе прими 8.000 сириски бегалци

11.06.2015 11:45

Оваа година норвешка ќе прими 2.000 бегалци, односно за 500 повеќе од претходно планираното, а потоа по 3.000 во наредните две години...

Норвешка се согласи да прими 8.000 сириски бегалци до крајот на 2017 година врз основа на вчера постигнатиот договор на поголемиот дел од политичките партии во земјата.

На тој начин, оваа година норвешка ќе прими 2.000 бегалци, односно за 500 повеќе од претходно планираното, а потоа по 3.000 во наредните две години.

Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации ја повика меѓународната заедница да прими поголем број лица кои бегаат од судирите и војната во Сирија, што како што се наведува предизвика најголема хуманитарна криза од Втората Светска војна.