Ватикан: Путин да вложи искрени напори за мир во Украина

11.06.2015 11:48

Ваквиот апел папата го искажал за време на вчерашната 50-минутна аудиенција на рускиот претеседател, кој е во посета на Италија и на Ватикан...

Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск ги повика рускиот претседател Владимир Путин и другите страни вклучени во украинскиот конфликт да вложат „искрени напори“ за постигнување мир во Украина.

Ваквиот апел папата го искажал за време на вчерашната 50-минутна аудиенција на рускиот претеседател, кој е во посета на Италија и на Ватикан.

Двајцата соговорници се согласиле дека е потребно да се воспстави атмосфера на дијалог во Украина и дека сите инволвирани страни во конфликтот треба да се ангажираат за спроведување на Договорот од Минск.